Се преврте камион – повреден е странски државјанин

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утринава во близина на Агино село на патот Куманово-Скопје.

Од Кумановската болница информираат дека повредениот во несреќата е странски државјанин, кој се здобил со лесни телесни повреди. Засега нема детали како се случила сообраќајката, само се знае дека на патот се превртел шлепер со бугарски регистарски таблички. Кумановската полиција информира дека камионот бил управуван од грчки државјанин. Патниот правец Куманово-Скопје е во прекин за тешки товарни возила и автобуси, а увидна екипа се уште е на терен.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести