Полицијата на терен и медицински лица потврдија пред малку дека во станот од кој се слушнале пукотници се самоубил Коста Крпач, сопственик на сајтот “Нетпрес”, јавува Новатв.
Денес во 13.3о часот се слушнале рафални истрели од една зграда во скопската населба Капиштец во близината на АМСМ центарот. Пукотниците завршиле во едно комбе на улицата. Се уште не е познато дали во комбето било намерно пукано или куршумите случајно завршиле во ова возило.
Коста Крпач е академски сликар и се води како директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопстевник на сајтот „Нетпрес“. Крпач фигурира на списокот на лица помилувани од претседателот Иванов.


