Според пишувањата на странските медиуми, Ема Коронел (34) денеска е пуштена на условна слобода и нејзината намера е веднаш да го посети нејзиниот сопруг кој ја издржува неговата казна во затвор со максимално обезбедување.
Во 2021 година таа беше осудена на три години затвор откако призна дека е виновна по три точки од обвинението за помагање и поттикнување на нарко картелот Синалоа, на чие чело е нејзиниот сопруг.
Оваа поранешна мисица е трета сопруга на озлогласениот наркобос Ел Чапо Гузман. Таа е во домашен притвор од минатиот јуни, а според медиумите најверојатно денеска ќе биде пуштена на слобода.
Нејзините обвиненија вклучуваат заговор за перење пари и дистрибуција на нелегални дроги, како и вмешаност во финансиска измама.
Коронел, исто така, призна дека посредувала меѓу Гузман и другите членови на организацијата додека тој бил притворен во мексиканскиот затвор Алтиплано, по неговото апсење во 2014 година.
Ел Чапо, чие вистинско име е Хоакин Архивалдо Гузман Лоера, е во затвор со максимално обезбедување во САД откако беше уапсен под обвинение за шверц на дрога.
Лидерот на картелот Синалоа сега лобира неговата сопруга да го посети додека тој одлежува доживотна казна. Тој се надева дека судијата ќе ја дозволи посетата на неговата сопруга Ема и неговите ќерки.
Која е Ема?!
За него се зборува дека се му е дозволено, а таа треба само да му биде сопруга. Сепак, приказната за Ема Коронел не е толку едноставна.
Оние кои ја познаваат велат дека сега го „средила“ нејзиниот изглед, а парите ги троши на Прада чанти.
Иако се претставува како скромна девојка од мало место, таа е посветена сопруга на најмоќниот човек во Мексико.
„Ќе го следам каде и да оди“, изјавила таа за Лос Анџелес Тајмс во 2017 година.
За време на судењето на Ел Чапо, Ема секој ден доаѓала во судницата, седејќи во вториот ред. Таа дури и поднела барање до судијата да ѝ дозволи да го прегрне сопругот, но тоа не ѝ било дозволено.
Дури и кога крвавите злосторства на Гузман и брачните непромислености се раскажувале на суд, Ема не реагирала и мирно си седела на нејзиното место. Кога доказите за нивните пораки во кои Ел Чапо бара од Ема да го скрие оружјето беа донесени на суд, нејзиното лице не покажало ништо. И Ема и Ел Чапо тврделе дека таа не била вклучена во криминалните активности.

Во интервјуто Ема раскажала како се запознале со моќниот Ел Чапо, кога имала 17, а тој 49 години.
„Тој танцуваше со друга девојка. Јас танцував со моето момче. Се сретнавме среде подиумот и тој ми се насмевна. Подоцна некој дојде до мене и ми рече: Тој човек сака да танцува со тебе. Се согласив“, раскажала Ема, претставувајќи ја нивната средба како во љубовен филм.
Двојката се забавувала некое време пред да се венчаат во 2007 година. „Тоа беше едноставна церемонија со пријателите и семејството“, рече Ема.
Сепак, вистината е дека Ел Чапо ја прогонувал Ема, пристигнувајќи во нејзиното село со мотор и придружба од 400 мажи. Ја пријавил на локалниот избор за мис и таа ја освоила титулата за најубава жена на тој натпревар.
Во 2011 година, Ема ги родила близначките Емали и Марија. Ел Чапо инсистирал таа да ги роди децата во Калифорнија за да имаат американско државјанство, бидејќи моќниот човек од Мексико имал сон да ги одгледува децата во Америка.

Бидејќи Гузман со години бил во бегство, парот немал можност да поминува многу време заедно. Ема била загрижена дека ќерките „нема добро да го запознаат својот татко“, но и дека ќе добијат погрешна слика за него, со оглед на тоа што на суд биле изнесени некои многу „валкани“ детали за тоа како Ел Чапо силувал жени.
Иако Ема упорно кажувала дека немала контакт со дрогата и мафијата, вистината е малку поинаква. Имено, се чини дека нејзиниот татко, познат во мафијашките кругови како „Дедо“(татко на сопругата), го иницирал запознавањето на Ема со Гузман. Подоцна бил уапсен и самиот, како и браќата на Ема, поради вмешаност во криминални кругови.
Новинарката која го направила интервјуто со Ема изјавила дека таа е жена која ќе направи се за сопругот, бидејќи припаѓа на оној тип на „жени“ (жени на дилери на дрога) кои немаат друг избор.


