Пинк
Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ се фатени како јавно разменуваат нежности, по неколкудневната драма околу нивната врска и пријавувањето во полиција за семејно насилство.
Имено, екипата на емисијата „Папарацо лов“ ги фатила Сергеј и Исидора како се бакнуваат на скали.
За потсетување, Сергеј пред неколку дена ја пријавил сопругата за насилство, а таа потоа беше приведена и казнета со парична казна, но не за насилство, туку според Законот за странци.
Исидора е казнета со парична казна поради нелегален престој во Србија, инаку е државјанка на Хрватска и таа ја платила казната и ја напуштила Србија.


