Се снимаат песните за десетто издание на детскиот фестивал „Ластарчиња“

Подготовките за јубилејното десетто издание на детскиот фестивал „Ластарчиња 2023“ се во полн ек, информираше денеска уметничката директорка на фестивалот Стефка Саздовска. 

– Дел од детските песнички се веќе снимени. Балетските групи со песна и игра се подготвуваат за сценскиот настап. Најавуваме 12 нови солисти. Нив сценски ќе ги надополнуваат фестивалскиот хор, балетската група ,,Ластарчиња” составена од 42 изведувачи и 30 членови од балетската група ,,Старс”, соопшти Саздовска. 

Таа појасни дека името на фестивалот е симболично и потекнува од долгата лозарска традиција во Тиквешијата, како најголем лозарски регион во државата. 

Саздовска нагласи дека солистите на фестивалот редовно освојуваат награди на манифестации во земјава и странство, а голем дел од нив подоцна продолжуваат да се занимаваат со музика и стануваат познати имиња на музичката сцена. 

Јубилејното издание на фестивалот ќе се одржи во месец мај.

MИА

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести