Се урна Ербас 320 во јужниот дел од француските алпи

Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.

Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.

Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза.

Остатоци од леталото наводно биле пронајдени во едно француско село во близина на градот Барселонет, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека местото на несреќата е тешко пристапно и се сомнева дека некој од патниците и членовите на екипажот е преживеан.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести