Најуспешниот инструменталист на денешницата и најбараниот уметник на хармоника Александар Софронијевиќ денес го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка, докторка по медицина, Косана Стишовиќ, пишува Информер.

Младенците со својот изглед ги засенија сите присутни, а невестата носеше посебен симбол на венчаницата, а за дополнителниот шарм придонесоа необичните ракави во форма на цвеќе.
Александар и Косана се венчаа во црквата Свети Сава, а величествената церемонија предизвика солзи радосници кај многумина.

Да потсетиме, невестата на задниот дел од фустанот носеше романтична порака на италијански јазик на која пишуваше „Те сакам“, а младоженецот не ја криеше среќата што венчавката се случи во време на велигденските радости.


