Судскиот совет денеска ќе ја одржи 539-та седница, на која меѓудругото ќе биде разгледан Годишниот извештај за работата на судовите за 2025 година.
На дневен ред се и анализа за утврдување на број на слободни судиски места во основните судови, одлука за утврдување ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2026 година, предлог за судија на Уставен суд, разрешување на судии поротници, расправа по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите и тоа.
На денешната седница членовите на Судскиот совет ќе расправаат и за барање за мирување на судиска функција, извештај за вонредно оценување на кандидати за избор на претседател на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе, извештај за вонредно оценување на кандидати за избор на претседател на Основен кривичен суд Скопје, извештај по оглас за избор на претседател на Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Радовиш, известувања за утврдена фактичка состојба по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија претседател на суд.
МИА


