„Сексот и градот“: Зарем преку ноќ остареле?!


По доделувањето на Еми наградите, „HBO“ објави тизер трејлер за новaта епизода од серијата „Сексот и градот“, насловена „And Just Like That“.

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис се гледаат како мавтаат некому во далечина.

После тоа, Кери и Фаца, кој го игра Крис Нот, се прикажани како се гушкаат додека се во кујната.

По објавата на трејлерот започна лавина од коментари:

„Ги направиле постари?“, „Имам чувство дека одеднаш остареле, но барем не користат ботокс“, „Смешни се“ …

Серијата од 10 епизоди ќе ги следи Кери, Миранда и Шарлот додека се движат од комплицираната реалност на животот и пријателството во триесеттите години од животот до уште посложената реалност на животот и пријателството во педесеттите години.

https://twitter.com/andjustlike/status/1439786648628350979

Најавени се нови 10 епизоди, а Саманта Џонс, за многумина омилениот лик од оваа серија, нема да биде во продолженијата. Актерката која ја глуми Саманта, Ким Катрал најави дека нема да биде во продолженијата, бидејќи премногу е стара за овој лик, познат по бројните секс авантури, но постои и нетрпеливост помеѓу нејзе и Паркер.

]]>

Најчитани вести