Сексуални навики што не треба да ги менувате

Постојано слушаме за тоа како во сексот никогаш не треба да ѝ робуваме на рутината, туку постојано треба да пробуваме нови работи. Но, подеднакво важно со менувањето е и одржувањето на некои добри сексуални навики.

Прашувајте го партнерот што сака

Многу парови имаат проблеми со тоа да си дадат совет еден на друг или да го побараат тоа што сакаат во кревет. Веруваат дека тоа е многу неромантично. Експертите затоа советуваат дека подобро е за сексот да зборувате надвор од спалната соба, за да се избегне притисокот што може да се почувствува додека тој трае. Покрај тоа, подобро е да се каже, на пример: „Ми се допаѓа…“, но „не ми се допаѓа кога …“. Откако ќе стане попријатно да се разговара за сексот, можете да побарате нешто што сакате и за време на сексот, па дури и во облик на „валкани разговор“.

Mастурбирајте редовно

На мажите веројатно не им е потребен овој совет, но проблемот е кај жените. Истражувањата покажаа дека многу жени се уште не знаат како да се задоволат себе си и вештините на мастурбацијата им се непознати. Мастурбацијата не треба да биде нешто што е изнудено, туку треба да биде задоволство што редовно се практикува. Секоја жена на тој начин ќе може подобро да го запознаат своето тело и да научи што најмногу ѝ одговара или што е тоа што таа најмногу го сака. За почеток не треба да се размислува за оргазам, а тоа е доволно да се опуштите и да се истражувате. Мастурбацијата е облик на сексуално експериментирање и нема ништо лошо во тоа.

Користете лубрикант и кога мислите дека не ви е потребен

Женската природа понекогаш не може да постигне да одговори на барањето доволно да обезбеди течност која ќе го олесни пенетрирањето и тоа воопшто не е показател за тоа колку жената е возбудена. Тоа е под влијание на различни фактори, фазата од менструалниот циклус, возраста, исхраната… За сувоста на вагината да не биде проблем, најдобро е секогаш да имате при рака лубрикант.

Немојте да се сомневате во женскиот оргазам

Многу жени имаат проблеми да доживеат оргазам, па оптоварувањето со тоа нема да помогне. Штом жената е загрижена дали ќе го достигне врвот, или не, можете да заборавите на нејзиниот оргазам. Наместо да се фокусирате на оргазмот, подобро фокусирајте се на задоволствата на нејзинoто тело.

Правете го тоа

За поздрав сексуален живот, понекогаш треба да имате секс, иако навистина не ви е баш до него. Ова се однесува и на мажите и на жените. Не е препорачливо да се чека и да се чека, се’ да се „поклопи“. Понекогаш не ќе имате време, понекогаш ќе бидете уморни… Ако често се случува да се погледнете и да ви биде потребен изговор да немате секс, тогаш вашиот сексуален живот ќе настрада. Не мислете премногу, правете го тоа, нема да зажалите.

Најчитани вести