Вистинскиот збор што ја опишува популарната актерка Селена Гомез всушносте претприемач, а таа веќе постигна и голем успех. Конечно ја најде среќата во љубовта со музички продуцент, но Гомез сега слави и милијарда долари на нејзината банкарска сметка!
Оваа 32-годишна девојка може да се опише како актерка, пејачка, инвеститор и претприемач, а според странските медиуми отсега и како еден од најмладите милијардери во САД.
Се разбира дека дел од нејзиното богатство доаѓа од актерството, со кое сериозно почнала да се занимава уште како девојка. Таа исто така е пејачка и ги отпеа и хитовите како „Calm Down“ и „The Heart Wants What It Wants“, но најголемиот дел од нејзината заработка доаѓа од успешните претприемачки потфати.
Сопственичката на брендот „Rare Beauty“ има произведено еден тон вирални производи за убавина, а во последните пет години инфлуенсерите и тинејџерите постојано зборуваат за нејзината шминка.
Преку платформата Wondermind таа се занимава и со менталното здравје, а е трета најследена личност на Инстаграм со 424 милиони следбеници.
Севкупно нејзината вредност се проценува на 1,3 милијарди долари, а доларите само ќе се множат бидејќи серијата „Само убиства во зградата“, во која глуми, штотуку издаде уште една сезона и моментално е една од најпопуларните серии.


