Селин Дион блесна на ОИ: Направи спектакл

Канадската пејачка Селин Дион по речиси три и пол години им се врати на настапите во живо и запеа на отворањето на Олимписките игри.

Кон крајот на 2022 година таа објави дека боледува од ретка невролошка болест што предизвикува вкочанетост на мускулите и зголемена чувствителност на звук и допир. Поради оваа болест, популарната пејачка ги откажа сите концерти.

„Колку сме горди! Нашата Селин пее ‘L‘hymne a l‘amour’ на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз“, напиша премиерот на Квебек, Франсоа Лего, на платформата X.

На истата платформа, канадскиот премиер Џастин Трудо напиша „Селин, одлично е што те гледам како повторно пееш“, и притоа за неа додаде дека е „канадска икона, неверојатен талент кој надмина многу за да биде таму вечерва“.

@lois0220 Celine Dion is back🥹 for opening ceremony for Olympics2024 in paris #celinedion #parisolympics2024 ♬ It's All Coming Back To Me Now – JEENIE

Најчитани вести