Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија

Популарниот поп пејач Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евросонг 2014 година, кој ќе се одржи во Копенхаген.

Според најавите, тој ќе биде автор на песната, која како што рече Четковиќ, ќе биде љубовна.

– Песната ќе биде квалитетна, а се надеваме дека ќе влеземе во финале, што за мене би бил добар пласман, изјави претставникот на Црна Гора, дополнувајќи дека сценскиот настап ќе биде едноставен, но и дека се уште не може да зборува за детали.

Изборот за Песна на Евровизија следната година ќе биде одржан во Копенхаген, а годинешнава победа на данската претставничка Емели де Форест.

Најчитани вести