Во дерби натпреварот со кој заврши 16.коло во Италијанското фудбалско првенство, синоќа во Милано домаќинот Милан и Рома одиграа без победник 2:2.
„Римската волчица“ на двапати имаше водство но Милан успеваше да изедначи.
Матиа Дестро (13.минута) и Кевин стротман од пенал (52) погодија за Рома, а стрелци за домашниот тим беа Кристијан Запата (30) и Сали Мунтари (77).
Рома со освоениот бод остана на втората позиција, но сега само со три бода повеќе во однос на Наполи, додека Милан е 10.ти со 19 бодови колку што имаат и Парма (11.место) и Каљари (12.место).
На натпреварите од оваа рунда одиграни викендов: Киево – Сампдорија 0:1, Фиорентина – Болоња 3:0, Џенова – Аталанта 1:1, Лацио – Ливорно 2:0, Парма – Каљари 0:0, Удинезе – Торино 0:2, Катанија – Верона 0:0, Јувентус – Сасуоло 4:0 и Наполи – Интер 4:2.
Табела: Јувентус 43 бодови, Рома 38, Наполи 35, Фиорентина 30, Интер 28, Верона 26,


