Северина го „лајкна“ Зеленски на Инстаграм

Хрватската поп дива Северина пред два дена настапуваше во Брчко, Босна и Херцеговина, на 22 годишнината од градот. Пејачката ги сподели видеата на својот инстаграм-профил и се заблагодари на многубројната публика, пренесува „Index.hr“.

Северина носеше тренерки на концертот, но поради нејзиниот избор, доби многу критики.

Северина сакала да се појави на сцена во боите што ги има украинското знаме, но во тоа била спречена од страна на еден политичар и настанатата ситуација.

Сепак тоа не ѝ пречи официјално да го „лакне“ Зеленски на Инстаграм.

Ниту пак да се фотографира во боите на украинското знаме зад сцената, што всушност се и бои на знамето на домаќините.

„Обединети бои на Европа: Конечно можам да потврдам дека некои од гласините за мене се точни. Така, признавам дека во Брчко настапував во тренерка во неутрална боја (и според некои, сум ја навредила публиката), а причината е баш тоа, да не ја навредам публиката со мојот стајлинг, според мислењето на локалниот политичар на дистриктот Брчко. Целиот бенд го облеков за настап во тренерки кои се во бојата на босанското и украинското знаме. Политичкиот врв толку се извади од памет, што заборави дека и нивното знаме е со истите бои како украинското. Па било или не било, заврши како што заврши – единствената тренерка што ја имав ми беше таа за по пат.
Дека сево ова е точно, потврдувам со фотографиите од шаторот каде се пресоблекувавме. Во секој случај, извинување до публиката. Слава на Украина, нам, на Босна и Херцеговина и сите добри луѓе во нив“, напиша Северина во описот на фотографијата.

]]>

Најчитани вести