Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и српскиот спортски менаџер Игор Којиќ планираат свадба во октомври, а гостите веќе кон крајот на овој месец ќе почнат да добиваат покани, пренесуваат српските медиуми.
Интересно е тоа што Северина го запросила Игор.
Северина досега се свршувала дури пет пати и го заработила малку злобниот, но и духовит прекар „кралица на прстените“. Сега, се чини, го нашла вистинскиот, што потврдила и во интервјуто за еден магазин во кое изјавила:
„Игор е мојата љубов за цел живот.“

Истото за неа го мисли и Игор кој неодамна изјавил: „Ако постои совршена жена, Северина и е најблиска. Најубава работа е безусловно да сакате и да бидете сакан“.
Да потсетиме, Северина е 15 години постара од Игор, но тоа воопшто не претставува проблем. Нивната љубов почнала во февруари годинава. Се запознале на концертот на Северина во Белград, на кој Игор дошол со долгогодишниот пријател Едвин Софтиќ.
– Сега ми се чини дека оваа љубов ќе трае цел живот – рекла Севе после само два месеци врска и така открила дека е вљубена до уши.


