Пејачката Северина Вучковиќ – Којиќ со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од одморот на езерото Плитвице, каде ужива со нејзиниот син Александар.
Пред неколку дена, пејачката објави видео на кое се наоѓа како „зиплајн“ во адреналински парк, нешто што го направила по барање на нејзиниот син, за што му се заблагодари во описот.
-Благодарам сине што ме убеди – стои во описот на видеото на кое се гледа како Северина се подготвува за спуштање и вели дека не сака да го направи тоа.
Таа исто така објави видео на кое храни елени облечена во бел фустан и со капа на главата, а нејзината насмевка не престана да ѝ го краси лицето. Нејзината среќа ја забележаа и фановите кои не штедеа на комплименти, а во своите коментари напиша дека изгледа среќно и дека е убаво што ја гледаат во такво издание.
]]>


