Хрватската пејачка Северина Вучковиќ постојано ги поврзуваше Србија и Хрватска, особено затоа што има син чиј татко е Србин, но во последните неколку недели е во центарот на вниманието, особено на политичкото поле. Таа вети дека нема повеќе да стапне во Србија се додека Вучиќ е на власт. Северина исто така порача дека тоа што нејзе ѝ се случило нема потреба да се враќа на колегите Срби, кои сакаат да настапуваат во Хрватска, а сето тоа сега го потврди и објавувајќи фотографија од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој имал средба со нејзиниот син.
Таа објави неколку фотографии на Инстаграм од прекрасните моменти што ги имала во текот на летото, а за прва ја одбра средбата на син ѝ Александар и Новак.
„Мали ноќни разговори со добриот дух на островот… Новаче, сите те сакаме“, напиша Северина со фотографијата направена на островот Корчула, каде што поминале неколку денови на одмор со пријателите.


