Северна Македонија од хибриден режим се проби во групата демократски земји со недостатоци според ЕИУ

Економист Iнтелиџент Jунит (EIU), во својот последен преглед за 2021 година ја рангира Северна Македонија во групата демократски земји со недостатоци, со што таа се одлепи од долгогодишниот епитет со индекс на земја со хибриден режим. Според извештајот Северна Македонија, Црна Гора и Молдавија се трите земји од Источна Европа чии индекс пораснал во 2021 година од „Хибриден“, во „Демократија со недостатоци“ (Flawed democracies), што е само една категорија зад земјите со „Полна демократија“ во која предничат Нордиските држави.

Овие вести се насловени како „Некои добри вести од источна Европа“, со оглед на тоа што беше еден од регионите со најлошите резултати за време на постоењето на Индексот за демократија. Источна Европа ги надмина сите други региони во 2021 година, избегнувајќи пад на нејзиниот регионален просечен резултат. Три земји (Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија) ги подобрија своите резултати доволно за да бидат надградени од „хибридни режими“ до „неисправни демократии“.

Само за споредба забележани и се назадувања во светот како на пример Шпанија и Чиле од земји со „Полна демократија“, паднале во групата во која сега се наоѓа Северна Македонија.
Она што го констатира извештајот на светско ниво е дека демократизацијата претрпела пресврт во 2021 година, при што процентот на луѓе кои живеат во демократија паднал под 50 отсто, а авторитарните режими зајакнале.

]]>

Најчитани вести