Вчера околу 15,15 часот во Прилеп, во фабриката „Жито“-Прилеп, при истовар на жито од товарно моторно возило, на сезонскиот работник М.И.(45) од Прилеп, му се слошило, паднал од приколката, а врз него паднала и вреќа со жито, по што починал на местото на настанот.
Увид извршила екипа од ПС-Прилеп.


