Пејачката Шакира заврши во болница, по што беше објавено соопштение на нејзиниот Инстаграм профил. Таа мораше да го одложи концертот поради лошата здравствена состојба.
Шакира е во болница поради стомачен проблем, изјавила за мрежата Х и додала дека лекарите и рекле дека не може да настапи. Таа посочила дека е многу тажна, но со нетрпение очекува повторно да се сретне со нејзините неверојатни обожаватели од Перу.
Нејзиниот тим веќе работи на организирање и одредување нов датум за настап. „Ви благодарам на сите за разбирањето, ве сакам сите, Шак“, стои во соопштението.
Шакира ја започна светската турнеја во „Las Mujeres Ya No Lloran“ на 11 февруари во Рио де Жанеиро, на 17 ти треба да пее во Перу, а потоа ќе има пет настапи во Колумбија (три во родниот град), од 20 до 27 февруари. Јужноамериканскиот дел од турнејата ќе го заврши на 8 март, а потоа серијата концерти ќе ја продолжи на 12 март и тоа во Мексико, пишува српски Блиц.


