Шерифовиќ оди на Евровизија! Марија полуде поради гласовите од Хрватска, па донесе КЛУЧНА ОДЛУКА!

На популарната пејачка не и се допадна што хрватското стручно жири и додели само три поени на Теја Дора!

Популарната пејачка Марија Шерифовиќ, која на Србија и ја донесе единствената победа на Евровизија во 2007 година, го следеше синоќешниот спектакл заедно со нејзината мајка Верица и воедно го коментираше настанот на социјалната мрежа Икс каде е многу активна. Како што им откри на своите фанови, на Верица особено и се допаднала изведбата на Ирска, објави Република.рс.

Верица толку се возбудила за случувањата на Евровизија, што Марија решила да ја пријави на фестивалот „Песна за Евровизија“ во 2025 година, каде Србија избира свој претставник.

– Ништо, да ја подготвиме Вера за ПЗЕ – напиша Шерифовиќ.

Она што особено ја налути Марија е моментот на објавување на гласовите. Имено, на Марија не и се допадна што стручното жири од Хрватска и додели малку поени на Теја Дора. Иако хрватската публика на Србија и додели 12 максимални поени преку СМС гласови, соседното стручно жири и даде само три.

– Откријте кој е жири во Хрватска – беснееше Марија.

Инаку, Марија пред неколку дена имаше концерт во Славонски Брод, Хрватска, каде ја повика публиката да ги поддржи Теја Дора и Бејби Лазања.

– Знаеш што, за некого Евровизија е важна, за некого не, но вие кои не знаете, утре во девет треба да навивате за вашиот Бејби Лазања. Настапува под број 23, јас знам повеќе од вас! рече Марија.

Најчитани вести