Трансакциите на извлекување на парите во кеш, преку Актор, досега одат по стандардно утврдена шема. Се реализираат преку Стопанска банка А.Д. Скопје, филијала Неготино. Ги подигнуваат физички лица, државјани на Република Грција кои помеѓу 1-ви и 10-ти секој месец наменски влегуваат во земјава, а кои воопшто не се ангажирани на изградба на овој автопат. Доаѓаат со автобус, во банката во Неготино ги подигнуваат парите, во евра, ги предаваат парите во просториите на банката на едно лице, а потоа со автобусот заминуваат за Грција.
– Еве ги имињата на лицата, државјани на Република Грција кои секој месец подигаат пари во готово. Еве ги и нивните трансакциски сметки. Во документите се впишани и нивните матични броеви што од разбирливи причини нема да ги прикажеме. За не цела година во земјава со оваа цел влегле 96 лица државјани на Република Грција. И по 9-мина од нив се со исто презиме, а различно име. Некои од нив се појавиле 2 пати, некои 3 пати, некои имаат по 4 влеза во Македонија – рече Шилегов.
[gallery ids="135620,135621,135622,135623,135624,135625,135626,135627,135628,135629,135619"]
– На овие лица, преку благајната на Стопанска банка, филијала Неготино, фантастичните суми пари во кеш, им се исплаќаат по основ договор на дело или хонорар од грчката фирма Актор, изведувач на автопатот. Овие лица со извлечените денари купуваат евра во истата банка. При секоја исплата, до оној кој подига пари е присутно лицето Атина Зиога, сметководителка во фирмата Актор, на којашто според нашите информации и се дава подигнатата готовина. Извлечените суми се по 20.000, 40.000, 90.000 евра. Дури има и еднократни подигања на суми дури и над 120.000 евра или над 7.300.000 денари во една трансакција на едно лице – истакна Шилегов.
НА ОВОЈ НАЧИН ДОСЕГА СЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ДУРИ 3.500.000 ЕВРА ВО КЕШ!
ОД 32.000.000 ЕВРА ЛЕГНАТИ НА СМЕТКАТА НА ГРЧКАТА ФИРМА АКТОР, ЗАКЛУЧНО СО 3 ФЕВРУАРИ, ИЗВЛЕЧЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД 11 ПРОЦЕНТИ КЕШ. НАД 220.000.000 ДЕНАРИ, ОДНОСНО ПОВЕЌЕ ОД 3.500.000 ЕВРА!
АКО ВАКА ПРОДОЛЖИ ИЗВЛЕКУВАЊЕТО КЕШ ПАРИ НАМЕНЕТИ ЗА АВТОПАТОТ, ОД ВКУПНАТА ОБЕЗБЕДЕНА СУМА ЗА ИЗГРАДБАТА, ВО ВИСИНА ОД 270.000.000 ЕВРА, ПРЕКУ 2.000.000.000 ДЕНАРИ, ОДНОСНО 30.000.000 ЕВРА, ЌЕ ЗАВРШАТ ВО НЕЧИИ ЏЕБОВИ.
ВО ЧИИ ЏЕБОВИ ПРЕМИЕРЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ – ГРЧКИ ИЛИ МАКЕДОНСКИ? ИЛИ ЗАЕДНИЧКИ?
– Кои се овие лица на кои се даваат овие огромни суми милиони евра? Што ги подигаат граѓани на Република Грција појавувајќи се во Македонија секој месец само за да го извадат кешот, да го дадат некому и да заминат надвор од државата ? Бидејќи, според царинските правила не смее да се изнесат кеш пари од Македонија, ако сумата е поголема од 3.000 евра за физички лица или 10 илјади евра за деловно патување. Проверено е од наша страна, Царината досега не потврдила дека овие пари се излезени од земјата – рече Шилегов.
СДСМ го прашува Груевски:
– Каде завршуваат овие пари?
– Зошто досега не презел ништо Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии иако е основан исклучиво за управување и спроведување на проектите во согласност со принципот на сигурно финансиско управување на средства од ЕУ од ИПА компонентите ?
– Зошто и од кој е наредено на Управата за спречување перење пари да ја стопира истрагата по овој предмет кога легално е пријавено перење на пари од офицерите за спречување перење на пари од Стопанска Банка Скопје ?
Дали ПАТРИОТОТ Никола Груевски и неговата братучедско – кумска Влада се влезени во криминал со соседите од Грција?]]>


