Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Шкендија од Тетово по елиминацијата од Брегалница во Купот на Македонија, попладнево им приреди уште едно разочарување на своите навивачи, откако катастрофално загуби од Работнички со 5:0.
Ова беше вкупно шести пораз за екипата која имаше големи амбиции пред почетокот на првенството, најавувајќи и замешување во борбата за титулата.
Работнички со освоените три бода повторно е на лидерското место на табелата со бод предност пред конкурентите, но и натпревар повеќе.
Головите за „романтичарите“ на „Филип Втори“ во Скопје ги постигнаа Крсте Велковски во 10, 22 и 35.минута, Борче Маневски 60.минута и Таулант Сулејманов 81.минута.
Другите пет натпревари од 16.коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат утре. Двојките се: Брегалница – Вардар, Гостивар – Напредок, Металург – Пелистер, Ренова – Еуромилк и Турново – Македонија ЃП.
Почетокот на сите натпревари е во 13 часот.
Табела: Работнички 27 бодови (натпревар повеќе), Металург 26, Вардар 26, Пелистер 24, Турново 22, Ренова 22, Брегалница 20, Еуромилк 20, Шкендија 20 (натпревар повеќе), Македоноија Ѓорче Петров 13, Напредок 11 и Гостивар 10.


