Шерифовиќ доби привремена замена во најпопуларното музичко натпреварување во регионот.
Денеска се одржа уште едно снимање на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ без пејачката Марија Шерифовиќ која од оправдани причини не може да присуствува, пишува Србијаданас.рс.
Пред студиото на Гранд е снимено доаѓањето на нејзината колешка Ивана Питерс, која ќе ја замени во судиското столче.

– Денеска е навистина студено, ми се спие, но подготвена сум како минатиот пат за оценување на кандидатите – порача пејачката.
Набргу по Ивана пристигна и Ана Бекута која беше облечена топло поучена од вчерашното искуство. Пејачката се појави во црна комбинација која ја „надополни“ со светкави панталони.
Откако се сликаше и разговараше со членовите на жирито, Саша Поповиќ со жолт мерцедес пристигна во Кошутњак.

Тој вчера се пожали дека е болен:
– О, јас сум истиот. Седум дена не можам да дојдам на себе – изјавил Саша и брзо влегол во студиото.


