Шокантно откритие во Подгорица, од стан ископан тунел до Вишиот суд

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ заедно со министрите за правда и внатрешни работи Марко Ковач и Филип Аџиќ како и припадници на полицијата денеска го посетијле станот од каде се копал тунелот до Вишиот суд во Подгорица.

Абазовиќ изјави дека тунелот што води до депото на Вишиот суд во Подгорица не може да биде ископан без помош на некој од таа судска инстанца.

Според истражителите, ископаниот тунел помеѓу приватен стан во станбена зграда на улицата Његошева и депото во Вишиот суд во Подгорица можел да се користи за неколку цели: кражба на докази, за бегство на еден од затворениците или за убиство.

Станот од каде што бил ископан тунелот бил изнајмен два месеци пред да биде откриен тунелот, а полицијата верува дека првичниот сопственик не е поврзан со случајот.

Повеќе информации треба да се знаат денеска или утре, изјави министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ за локалните медиуми.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести