Шокирани патници: Кејт Мидлтон лета со комерцијален лет како нормалните луѓе!

Иако е дел од кралско семејство, Кејт Мидлтон уште еднаш покажа дека е една од нас. Наместо да лети во приватен кралски авион, војводката од Кембриџ одлучила да патува со комерцијален лет со авиокомпанијата „Бритиш ервејз“, со останатите патници. Кога се појавила во авионот, завладеале шок и неверување, а за да ја забележат оваа неверојатна глетка, патниците со своите мобилни телефони веднаш почнале да ја фотографираат Кејт.

kejt_avion

Војводката од Кембриџ се враќала од Холандија во Лондон, а тоа е нејзиното прво службено самостојно патување надвор од Британија. Причина за патувањето била средбата со холандскиот крал Вилем Александер.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести