Шпанија воведува боледување за жените со болна менструација

Шпанија ќе воведе боледување за жените кои имаат силни болки поради месечниот циклус. Во предлог-законот се наведува дека жените ќе можат да користат месечно три дена боледување поради болна менструација, а за некои случаи тоа ќе може да биде и со траење до пет дена, пренесува Би-Би-Си.

Но, политичарите предупредуваат дека на законот се уште се работи. Доколку законот помине, тој би бил прв од ваков вид во Европа. Само неколку земји во светот имаат таков закон.

Оваа одлука е дел од многу поголема реформа на законот за репродуктивно здравје која ќе вклучи измени и во однос на абортусот. Со лекарска препорака ќе биде дозволено тридневно боледување за болни периоди, се вели во нацртот. Боледувањето ќе може да се продолжи до пет дена поради исклучително силна болка.

Тоа е поширок пристап за третирање на менструацијата како здравствена состојба, а во законот предвидено е да биде вклучено и укинување на ДДВ за некои хигиенски производи.

]]>

Најчитани вести