Што да му купите на своето ново момче за Нова Година?!

Купување подарок за момчето со кое од неодамна се забавувате може да биде незгодно. Во овој случај постојат нешта кои смеете, но и нешта што задолжително треба да ги заобиколите при купувањето.

Кога подарувате, најпрво треба да размислите што тој подарок преставува, но исто така и како се вклопува во личноста на човекот кому ќе му го подарите. Затоа потребно е многу да внимавате што ќе му подарите на момчето со кое од неодамна сте во врска, бидејќи секој погрешна одлука може да испрати погрешна порака.

Што смеете, а што не смеете да му подарите?

Добар подарок: Детаљот што ќе покаже дека сте размислиле за него, нешто што е полу- лично, но сепак доволно нејаснo за да биде подарено и на некој друг, на пример на некој ваш пријател.

Лош подарок: Голем подарок придружен со голема гест. Во филмовите тоа е романтично, во долгите врските исто така, но во врска која само што почнала ова делува презасилено и обврзувачки.

Добар подарок: DVD со неговата омилена серија. На првиот состанок сигурно дознавте што тој сака да гледа, а ова доволно интересен подарок кој не покажува претерана блискост.

Лош подарок: DVD плеер на кој може да ги гледа своите омилени серии, бидејќи на тој начин можете да оставите впечаток дека сакате да му се вселите во станот.

Добар подарок: Однесете го на вечера. Ќе јадете, ќе се забавувате, ќе се запознаете подобро, а тоа ќе делува како обичен состанок.

Лош подарок: Романтичен викенд за двајца. Романтичните викенди се за парови кои се заедно веќе долго време.

Добар подарок  Купете му нешто за пиење или нешто за јадење, на пример, подарете му чинија колачи што сами сте ги направиле.

Лош подарок: Немојте да купите скапо шише виски за кое знаете дека сака да го проба, бидејќи тој знае колку тоа скапо чини и веднаш ќе сфати дека сте се „зареале“. Само полека, ќе имате време и за виски и за се друго понатаму.

Најчитани вести