„Македонија заслужува претседател“ – кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Јове Кекеновски: Ова е извадок од генералниот став на СДСМ за владеењето на Ѓорѓе Иванов во претходниот мандат, кој според нив досега исклучиво функционирал како владин службеник во втора смена на Владата на РМ, и дека конечно е потребно Р. Македонија да добие претседател на сите граѓани, а не претседател кој и понатаму ќе биде продолжена рака на извршната власт. На ваков начин се јакне извршната власт до граници на неподносливост, а тоа доведува до застој на развојот на демократијата и демократските процеси и односи и секако дека воспоставениот комбинирам паралементарно-претседателски ситем го трансформира во Парламентарен систем со слаб претседател.
Рамадан Рамадани: Испраќа порака за осуда на минатиот претседател кој го немаше, повикува на промена и влева верба во која во прв план ја става земјата, а не себеси или партијата.
„Државата пред сѐ“ – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.
Јове Кекеновски: Со овoј слоган ВМРО ДПМНЕ односно претседателот Иванов настојува да каже дека конечно после 23 години конституирањето на нашата држава и во нив вклучувајќи ги и петте години поминати од неговит прв мандат, конечно некој се сетил на дневен ред да ја стави заштитата на државните и националните интереси наспрoти партиските интереси кои доминира се досега кај сите политички партии кои ја практикуваа власта. Се надвеам и сакам да верувам дека кога го смислувале овој слоган воделе сметка дека е дојдено крајно време да се одлободиме од партитократијата, односно да ја разграничиме партијата од државата и да знаеме каде завршува партијата, а каде почнува државата и обратно. Редно беше некој да се сети дека државните и националните сè пред партиските интереси. Јас ќе ве потсетам на мојата предконвенцикса промоција кога за прват јасно и децидно на прашањата на Ваш колега новинар одговорив: „мене ми се најбитни државните и националните, а дури потоа партиските интереси односно дека јас лично сум полојален на државните интереси отколку на партиските авторитети, кои се менлива и минлива категорија”. И сигурен сум дека идејата и мотивот за овој слоган на Иванов се превземени токму од овој мој став.
Рамадан Рамадани: Jа става државата пред сѐ што може да се толкува како желба со кохабитација со другите институции, но и дека ќе продолжи да не биде претседател туку само уште една алка на државата.
„За Албанец Претседател“ – кандидатот на ДПА, Илјаз Халими
Јове Кекеновски: Ова е само желба на раководството на ДПA која мислам дека во овој момент и со ваков кандидат не ќе може да се реализира. Албанците во Македонија можноста да имааат претседател од албанско етничко потекло ја пропуштија на минатите претседателски избори кога Имер Селмани освои повеќе од 147 000 гласа, наспроти кандидатот на ДПА Мируше Хоџа со освоени 30 250 гласа, и кандидатот на ДУИ, Агрон Буџаку, со освоени 75 659 гласа. Би сакал посебно да потенцирам дека гласовите за Селмани во голем дел беа и гласови на Македонците на кои не им сметаше неговото албанско етничко потеклото.Втората причина е штетата и недовербата кај Mакедонците која ДУИ ја направи за време на своето учество во извршната власт, покажувајќи и практикувајќи двовластие и остварувајќи интерес само за своите поддржувачи и симпатизери, притоа заборавајќи ги останатите.
Рамадан Рамадани: Осудува неразговетни политики на конкурентната опција ДУИ и повикува на целосна промена со верба во претседател Албанец.
„Нема да бидам послушник, туку ќе бидам непартиски претседател“- кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски
Јове Кекеновски: И Поповски е во иста односно слична насока на размилување како и Пендаровски и СДСМ и ова не ме зачудува бидејќи и двајцата потекнувааат од истата школа и едно подолго време беа сопартијци односно коалициони партнери. Во секој случај добро е што се потенцира она што како негативност го имаме воочено сите ние во досегашното функционирање на претседателот Иванов. Неговата „непослушност” можевме да слушнеме дека не се однесува само на внатрешен план и на непослушност кон домашните политичките лидери и елити туку и кон европејците.
Рамадан Рамадани: Укажува дека може да биде претседател на сите, со тоа дека нема да биде на партијата која ја нема.
]]>



