Некој да му речел на Харисон Форд како млад човек, дека еден ден ќе биде светски позната филмска ѕвезда, веројатно не би му поверувал, бидејќи во тоа време бил столар. Многу познати, пред да блесне во кино салите, биле ангажирани во занимања кои се далеку од гламурозни. Прочитајте како изгледаат необичните биографии на некои ѕвезди.
Харисон Форд
И покрај фактот дека тој никогаш не бил формално обучен во оваа вештина, Харисон Форд , пред да се појави на кино-екраните, работел како столар. Школување го “собрал” во Лос Анџелес , а додека бил во овој бизнис имал можност да направи вистински мебел за Ричард Драјфус , Џон Грегори Дејна, Валери Харпер …
Ева Мендес
Актерката на тинејџерска возраст работела како келнерка во италијански ресторан во трговски центар , но исто така и во киоск за хот-дог. Дури и има аплицирано за работа во една стоковна куќа, Nordstorm , но во една прилика признала дека никогаш не била заинтересирана за трговијата.

Анџелина Џоли
Фрустрирана поради начинот на кој бил организиран погребот на нејзиниот дедо , актерката се решила да влезе во овој бизнис. Сепак, нејзината кариера во организирање на погреби отиде само до таму што добила сертификат за вршење на оваа дејност.
Канје Вест
Додека бил во средно училиште, сопругот на Ким Кардашијан живеел неспоредливо помалку гламурозен живот, отколку сега, и во еден момент дури и работел како продавач во продавница. Раперот на ова свое искуство се осврна во една од неговите песни.
Џенифер Анистон
Актерката и поранешна сопруга на Бред Пит, која се прослави како Рејчел во познатата ТВ серија „Пријатели“ , морала да работи многу работи во кои денес никој не може да ја замисли. Меѓу нив келнерка, но исто така и во телемаркетинг компанија.

Џерард Батлер
Ѕвездата на филмот „300“ професионалната кариера ја започна како, ни повеќе ни помалку , туку адвокат. По дипломирањето на правниот факултет, актерот добил работа во една адвокатска фирма, но за среќа на сите женски обожавателки, наскоро бил отпуштен од работа.
Хју Грант
Можеби не би поверувале, но Хју Грант во детали може да ви опише во што е различна импресионистичката уметност на Ван Гог и Моне. Поточно, актерската кариера му „сметаше“ на британскиот заводник, во остварувањето на планот да докторира на историја на уметноста.
Адриан Броди
Оскаровецот , кој брилијантно ја одигра улогата на полскиот пијанист во филмот „Пијано“, заработувал џепарлак забавувајќи деца. Актерот , всушност, работел како магионичар , а главната тезга му биле детските родендени.

Том Круз
Познатиот саентолог, како млад човек сакал да биде свештеник , па дури и се запишал во црковно училиште. Сепак, таму училишната управа открила дека бунтовниот Круз шверцувал алкохол во интернатот, по што тој бил принуден да се отпише. Впечатливо е дека подоцна ја најде смислата на својот живот во религијата на саентолошката црква.


