Денеска започнува велигденскиот пост кој ќе трае до 15 април. Наредниот ден православните христијани ќе го слават најголемиот празник – Велигден.
Во периодот на постот, покрај месото, обично не се консумираат млеко, јајца и млечни производи.
Акцентот на постот е на умереност во храната, дури и на доброволно гладување, со цел да се истакне подготвеноста за жртва и одрекување од љубов и благодарност за Христовото страдање и смрт.
Постот може да има многу моќен ефект врз нашето тело и нуди голем број на придобивки.
Ако се прашувате што всушност се случува во нашето тело, од час во час додека постиме, еве го одговорот.
0 до 4 часа
Првите четири часа после јадење се познати како фаза на анаболен раст. Телото ја користи енергијата која штотуку ја внесовме со храната за да ја стимулира нашата тековна активност, односно за растот на клетките и ткивата.
Панкреасот произведува хормон инсулин. Ова му овозможува на телото да ја користи гликозата што се ослободува во крвотокот по оброкот и да складира вишок енергија во клетките за подоцна употреба.
Од 4 до 16 часот
Втората фаза на постот почнува после четири часа и трае приближно 16 часа по последниот оброк. Ова е катаболичка или фаза на распаѓање, кога сите хранливи материи почнуваат да се ослободуваат од „складиштето“ за да се користат како енергија.
Кога ќе ја снема енергијата складирана во нашите клетки, телото почнува да се потпира на складираните масти. Процесот на ослободување маснотии и нивно согорување за добивање енергија ослободува кетони, што обично се случува околу 16 часа после оброкот.
Брзината со која ќе стигнете до оваа фаза навистина зависи од тоа што сте јаделе во последните неколку оброци пред постот. Ако сте јаделе многу јаглени хидрати и скроб, ќе ви треба малку подолго отколку ако сте јаделе претежно масти и протеини.
Една од најмоќните карактеристики на постот, наречена автофагија, исто така започнува во оваа фаза.
Автофагијата се активира со намалување на регулаторот за раст наречен МТОР, а процесот во основа е како пролетно чистење на клетките. Го отстранува мртвиот или оштетен клеточен материјал кој инаку може да придонесе за стареење, рак и хронични болести.
16 до 24 часа
Откако ќе поминат 16 часа од последниот оброк, гликозата во клетките и гликогенот во црниот дроб и мускулите почнуваат брзо да се намалуваат, што предизвикува складираните масти да согоруваат за да се задоволат енергетските потреби на телото.
Потребите за енергија во оваа фаза веројатно многу не се промениле – и понатаму се будиме, работиме, шетаме, комуницираме со луѓето, можеби дури и да вежбаме. Производството на друга хемикалија, АМП-активирана протеин киназа (АМПК), исто така се активира во овој момент.
Меѓутоа, ако планирате да го испочитувате целиот пост, би било препорачливо да се консултирате со вашиот лекар.
Извор: danas.rs


