„Секој секого прашуваше што се случува“, вака ја опиша Кирил Божиновски атмосферата на осмиот кат во белата палата на критичниот ден 27 април додека траеше т.н. „упад“ во Собранието.
Поранешниот технички премиер Емил Димитриев, пак, сведочеше дека ВМРО-ДПМНЕ по 27 април 2017 година веќе ја немала истата поддршка од сестринските партии во Европската народна партија
Со неколку сведоци, одбраната на обвинетите ексминистри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за организацијата на настаните од 27 април 2017 година, денеска во судница настапи со цел да го дискредитира Александар Василевски-Нинџа.
Нинџа е осуден со првостепена пресуда во првиот судски процес за крвавиот четврток и таму, но и во случајот за организаторите, сведочеше дека од 8. кат во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се координирало на критичниот ден.
Кирил Божиновски, Иво Котевски и Луке Галевски беа меѓу сведоците кои по предлог на одбраната зборуваа што се случувало ноќта на 27 април 2017 година.
Тогашниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, сведочеше дека во попладневните часови се упатил кон штабот. Прво бил на петтиот кат, а потоа од петтиот се упатил на осмиот кат.
Повеќе на линкот: 360 степени
]]>


