Шукова: Отпадот мора да го третираме како ресурс, не како товар

Во својата програма за Скопје, кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, најави сериозна реформа во управувањето со отпадот со фокус на селекција, рециклирање и минимизирање на количината што завршува на депонии.

„Отпадот мора да биде ресурс. Целта е да селектираме, преработуваме и повторно да го користиме, а што помалку да депонираме,“ изјави Шукова.

Во моментов, 99% од отпадот во Скопје завршува директно на Дрисла, што според Шукова е далеку од европските стандарди.

Предвидени се: нова опрема за отпад (канти, контејнери, камиони), одделни системи за селектиран и неселектиран отпад, соработка со приватниот и невладиниот сектор, и долгорочна визија за „нула отпад“ во следните 10-15 години.

„Граѓаните веќе почнаа да селектираат, но нивниот труд завршува залудно ако сѐ оди во ист камион. Тоа ќе го промениме. Новиот систем ќе ја почитува селекцијата од дома до крајната обработка,“ порача Шукова.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести