Најмалку 35 девојчиња на возраст од 12 до 17 години пријавиле сексуална злоупотреба во текот на музичкиот фестивал во шведскиот град Карлстад во петокот и саботата вечер. Некои од нив рекле дека мажите масовно ги бакнувале, зграпчувале и допирале.
Инцидентот е сличен на оној од Келн кога во новогодишната ноќ десетици жени беа нападнати.
Една 17-годишна жртва од Карлстад се откажала од анонимноста за да го опише нападот. Александра Ларсон за британски „Дејли мејл“ раскажала што сè се случило. Како што рекла, околу полноќ ситуацијата станала неподнослива. Група момчињата нејзе и нејзините пријателки почнале да ги буткаат, а кога тие се побуниле, момчињата им се заканиле.

Александра и нејзините пријателки малку се оддалечиле од нив, а потоа почувствувала како некој ја допира по задникот.
– Потоа некој си дозволи толкава слобода за силно да ме зграпчи за задникот. Се свртев и им реков на момчињата зад себе дека тоа не е во ред, но не знаев кој од нив тоа ми го направи. Малку подоцна почувствував како некој преоѓа со прстите помеѓу моите нозе и ми ги допира гениталиите. За среќа, имав фармерки на себе – рекла девојката.
Кога пак се свртела, момчињата тврделе дека се невини, а потоа истото повторно го направиле.
– Се свртев и вреснав: „Кој и да си, ти си свиња!“. Моите пријателки беа шокирани кога им реков што се случило. Одлучивме да заминеме, бидејќи не можебвме да видиме кој тоа го направил Имаше маса луѓе. Беше ужасно. Некој ме допираше, а јас немав поим кој е тоа – раскажала Александра. Девојката рекла дека момчињата не биле постари од 17-18 години и дека не изгледале како Швеѓани. раскажала Александра. Таа мисли дека стотици девојки биле злоставувани на фестивалот, но дека многумина не смееле да пријават во полиција.


