Си живееме со соседите: Шилегов домаќин на Рама, Вучиќ и Заев

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вчера беше домаќин на премиерите на РС Македонија, Зоран Заев, на Албанија, Еди Рама, како и на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тие беа во посета на Скопје во рамки на одржувањето на регионалниот деловен економски форум.

Шилегов ги прошетал гостите по новиот Кеј 13 Ноември, што има ново партерно уредување, патека за лица со инвалидитет, нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.

Претседателот Вучиќ и прмиерот Рама се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на Економскиот форум за регионална соработка, каде што учествуваат над 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести