Познатиот актер Силвестер Сталоне изјави дека неговата покојна мајка била „врзувана за кревет и малтретирана“. Токму тоа било причина таа да стане „ладна“ личност, која никогаш не го допирала, ниту пак го гушкала.
Говорејќи во подкаст, Сталоне откри дека имал многу лош однос со мајка му, но дека разбира зошто таа била ладна кон него.
„Мајка ми ќе ми речеше: ,Единствената причина зошто си на овој свет е затоа што чивилукот не работеше’. Знаете, кога си млад, малку си наивен, па мислев дека и другите мајки се такви. Не се дружев многу со луѓе и немав поим што значи да се живее во среќен дом“, рече тој на Тик Ток.
Тој потоа објасни дека неговата покојна мајка Џеки Сталоне, која почина во 2020 година на 99-годишна возраст, имала многу проблеми.
„Мајка ми имаше многу проблеми, на многу млада возраст била сместена во сиропиталиште, но не како овие денес. Децата биле врзувани за кревет, тепани и малтретирани“.
„Мислам дека таа не можеше да покаже љубов. Имаше проблем и со допирот, не поднесуваше некој да ја допира, а не можеше ниту мене да ме допре, да ми даде внимание, да ме гушне“.
Актерот објасни дека поради таквото однесување и недостатокот на нежност му се појавиле речиси истите проблеми.
„Затоа и јас имав такви проблеми, не сакав никој да ме допира и со години бев убеден дека тоа е сосема нормално“, рече актерот.
@alphamotivation0 Sly Stallone on his upbringing and the impact that had on him
♬ original sound – Alpha Motivation
Неговата тажна приказна расплака многу фанови, многумина му изразија поддршка.
„Токму кога помислив дека не може повеќе да го сакаме, тој го докажа спротивното. Колку луѓе на светот би го гушнале и би му покажале љубов.. Колку тажна приказна. Таа одгледала неверојатен човек без разлика на се, тој има прекрасно семејство“.


