Добро утро драги пријатели,
Не се потребни експерти за експертска влада, требаат луѓе со кредибилитет, интегритет, совест и визија. Експертите се тука, да бидат ставени во нивна функција и да помагаат во областа каде треба. Нашите експерти стануваат многу брзо суетни, самобендисани, пристрасни и поткупливи…за жал. И покрај нивното огромно познавање во областа за која се експерти, нели – се помалку им тежи зборот. Тие навистина може СЕ да знаат – но се помалку им веруваме, поради минатите багажи на „услужна“ дејност. Јас лично, како обичен граѓанин веќе гледам и состав на една прееодна, помошна влада, што за многумина би бил бизарен, или невозможен. Затоа што не е искалкуриран, местен, по нарачка или по „заслуги“, а напротив – од неопходност…Ни треба влада за спас на Македонија. И ако не смогнеме сили да излеземе од нашите тесни и лични калкулации и интереси, и ако не дојдат луѓе со ладна глава, способни за дијалог и взаемна соработка, во интерес на доброто на граѓаните, тогаш нема да не биде. Но пред сето ова Груевски со свитата треба да падне. Ама нема да падне сам од себе, дури вие седите и чекате некој друг да го направи тоа за вас. Нема сендвичи, нема партиски вработувања, нема наредби – се зависи од вашата воља и потреба за слобода. Не стојте со грб кон отворената врата на Генерал Стојанче. Можеби е и една од последните што ви дава можност сами да го направите првиот чекор кон демократијата. Поддржете го заради себе си, пред се. Ова е еден голем тест за сите нас, особено за оние со високи очекувања, кои би сакале Бог, Ганди или Мендела, во најмала рака како трета опција, за да ги спаси. Отсекогаш ни недостасувала способноста да ги видиме, препознаеме, почитуваме и негуваме сопствените вредности. А токму тоа е првиот чекор во градењето земја…Затоа се што вреди фати магла. На крај ќе остане само фамилијата, и една рака народ како нејзин слуга (заедно со експертите и ФБ статусџиите). Дојдете вечер во 19 00 пред МРТ! Нема сендвичи и автобуси, но тоа што ќе го почуствувате може ќе ви влее трунка надеж…Не ме лајкувајте, и не очекувајте од ФБ да го освестите народот. Зашто дур типкате статуси и коментари, нема да ја видите вратата што ви стои ширум отворена. Ќе мора да го мрднете газот и да ги отфрлите малодушноста и стравот. Во спротивно, ќе имаме само потврда дека за волку не бива, но и дека не заслужуваме повеќе. А човек не добива тоа што мисли дека заслужува – а тоа за што САМ ќе се избори!
Фејсбук статус на Синоличка Трпковаo


