Синот на Аркан објави фотографија од првата венчавка на Цеца

Синот на Аркан од првиот брак, Војин Ражњатовиќ не престанува да ја провоцира неговата маќеа, втората сопруга на неговиот  татко, српската турбо-фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.

На својот профил на Фејсбук, Војин објави една интересна фотографија со коментар:

ceca

– Некогаш одамна пред Дуче Шиптарот, мојот татко Аркан и малку познатиот Хајрудин – напишал под фотографијата.

Воин одаман е во судир со српската фолк-дива.Неколку пати и упатил тешки зборови и навреди на нејзината сметка. Своевремено напиша дека не стигнал на прославата на 18-тиот роденден на својот помлад брат Вељко Ражњатовиќ. Откако синот на Цеца му одговорил на својот брат кој живее во САД нарекувајќи го лицемерен, наследникот кој Жељко Ражњатовиќ-Аркан го добил во бракот со Лилјана Мартиновиќ повтроно се огласи.

– Се гордеам што живеам сосема нормален и скромен живот како и сиот обичен свет и нема да дозволам да се спуштам на тоа ниво да полемизирам со некого на социјалните мрежи, без разлика дали станува збор за мој брат. Искрено сум изненаден дека е тешко да се разбере таа иронична објава која очигледно е упатена кон медиумите во регионот, кои постојано јавуваат разни теории дека мојот татко е жив – напишал Војин на Фејсбук.

Извор:  Курир.рс

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести