Синот на Мендух Тачи меѓу повредените во вчерашната престрелка во Тетово

Неофицијално, еден од 11-те повредени лица во пукањето синоќа во Тетово е синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дознава Порталб.

Во инцидентот во кафулето Баркод, беше повреден, а на пат кон болница, почина 22- годишниот Алтрим А. од тетовското село Порој.

Четворица се потешко повредени со рани од куршуми и се наоѓаат во болница.

По вербална расправија сега починатиот Алтрим заминал од кафулето, а по 20 минути се вратил со калашников и пукал од надвор. Му било возвратено со стрелба од пиштол од внатрешноста на кафулето, по што завршил со куршуми во стомакот и градите.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести