Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување

Норвешката полиција денеска соопшти дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен поради сомневање за силување.

Во соопштението на полицијата се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој е син на принцезата од нејзина врска пред таа во 2001 година да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен синоќа.

Тој е осомничен за кршење на кривичниот закон поврзан со „сексуален однос со лице кое е во несвест или од други причини не може да се спротивстави“, се вели во соопштението.

„Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не била во состојба да пружи отпор“, додаваат од полицијата, пишува „Дејли мејл“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести