Синот на Пирс Броснан живее на улица, актерот откри зошто се откажал од него

Oмиленот Џејмс Бонд, актерот Пирс Броснан се откажал од својот син пред 20 години.

Кристофер Броснан (51) живее како бездомник, а познатиот актер во една прилика откри што довело до раскол во семејството.

„Кристофер е изгубен. Знам каде е, има тежок живот. Можам само да посакувам и да верувам дека ќе се опорави. Ги искушуваше сите во семејството, но најмногу себе си. Тој знае како може да се извлече од тоа, но не сака“, изјави актерот во 2005 година за „Плејбој“.

Синот на Пирс Броснан користел дрога и имал проблеми со законот.

„Никогаш не можеш целосно да се откажеш од децата, но јас се откажав од Кристофер. Морав да му кажам: „Или излечи се или умри“. Се молам за него“ – додаде актерот кој го спомна Кристофер во објавата за Денот на татковците во 2022 година.

Броснан на својот Инстаграм профил објави емотивна порака до сите свои синови, за денот на татковците, пишувајќи дека се негова најголема љубов и им се заблагодари за нивната љубов.

Инаку, Кристофер е син на првата сопруга на Пирс Броснан, Касандра Харис и Дермот Харис. Славниот актер го посвоил него и неговата сестра Шарлот по смртта на Дермот во 1986 година.

Најчитани вести