Својата бременост таа редовно ја фотографира, секој ден, а сето тоа го објавува на нејзината корисничка сметка на „ТикТок“ каде што добива многу коментари.
„Тоа не е едно бебе, туку 11“, напишала една нејзина „следбеничка“, но за среќа трудницата не го сфатила овој коментар во негативна конотација и нема ништо против. Сепак, она што го смета за навредливо го бише, бидејќи, како што вели, не сака да комуницира со негативни луѓе.
Таа за „Индепендент“ откри дека луѓето ѝ приоѓале и на улица, коментирајќи го нејзиниот стомак и често ја прашувале дали има проблеми со гестациски дијабетес, бидејќи познато е дека жените кои имаат такви проблеми во текот на бременоста, најчесто раѓаат големи деца.
„Луѓе кои не ги познавам ме запреа во продавницата сакајќи да знаат дали очекувам тројка. Имам здрава бременост, без компликации“, вели Брук.
]]>@brookesobasic What an experience #pregnancy #birth #csection #mamatok ♬ come into my arms – november


