Скандал поради убавицата Ванда: Играчот на Интер му ја зеде сопругата на својот пријател

Фудбалерот на Катанија, Аргентинецот Мауро Икарди му ја зеде сопругата на својот сонародник, пријател и соиграч, Макси Лопез.

Прексрасната Ванда Наре го изневерила својот сопруг со Икарди, кој во моментот игра во Интер, а токму тоа била причината за разводот помеѓу нив.

Лопез и Икарди биле големи пријатели, а во моментов не зборуваат, поради Ванда.

Инаку Лопез (29) му помогна на Икарди да се пресели во Европа. Играше за Барселона од 2005. до 2007. година, а потоа му помогна на Икарди во 2008. да се пресели во каталонскиот клуб. Икарди (20) овде не се задржа многу, веднаш премина во Сампдорија, за да во очи на оваа сезона, стигне во миланскиот клуб.

Макси и Ванда беа во брак осум години, а фудбалерот на Катанија неодамна дознал за аферата. Ванда изјавила дека се заљубила во Мауро, бидејќи Макси не ѝ обрнувал внимание и веќе откако помила три месеци откако тие имале секс.

Икарди ја призна врската со Ванда и на социјалните мрежи напиша дека ја сака аргентинската убавица.

Најчитани вести