Скандал: Принцот Хари и Меган Маркл проневериле 4 милиони долари од хуманитарна фондација?

Јавноста упати остри критики до фондацијата „Archewell“, управувана од принцот Хари и Меган Маркл, откако беше откриено дека недостасуваат повеќе од 4 милиони долари од најновата даночна пријава. Сите се прашуваат каде отидоа парите во очекување на следната даночна пријава, која можеби ќе ја разјасни целата ситуација.

Овој финансиски пропуст доаѓа во незгодно време за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, бидејќи веќе беше означена како „деликвентна“ претходно оваа година. Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „Дејли мејл“.

Фондацијата примила две исплати од над 6 милиони долари во последните две години, но ниту една од нив не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на „Арчевел“ можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.

Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе беше на удар поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сакекс тврдеа дека проблемот настанал поради необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Претстојниот даночен извештај на фондацијата „Арчевел“, кој се очекува на 15 ноември 2024 година можеби ќе даде некои одговори, но доколку повторно се појават проблеми, тоа би можело да предизвика нови компликации за Хари и Меган, за кои веќе постои сомневање за проневера.

Најчитани вести