На свеченоста по повод врачувањето на меѓународната книжевна награда „Табернакул“ на турскиот писател Орхан Памук новинарот Саше Ивановски стана во публиката и на сиот глас го запраша нобеловецот Орхан Памук дали е свесен дека прима награда од диктаторска влада која затвора медиуми, затвора неовинари, подмитува новинари со државни пари и дека неговата посета е злоупотребена од режимот за да се покаже пред домашната јавност дека е демократска, а таа тоа не е.
– Педесет новинари изгубија работа а еден новинар е во затвор – рече Ивановски.
Овој настап на Саше Политико предизвика општ хаос во салата, а специјалци од обезбедувањето на премиерот почнаа да го влечат Саше надвор од салата. Водителот на настанот се обидуваше да го замолчи и надвика а дел од присутните почнаа да довикуваат со неговдување да не се меша политика во ова. Премиерот Никола Груевски заедно со министерката Канческа Милеска настанот го проследија од првиот ред во Македонскиот народен театар.
Писателите Орхан Памук од Турција и Виктор Ерофеев од Русија вечерва во Македонскиот народен треатар ја примија меѓународната книжевна награда „Табернакул“ за 2013 година, која лани ја востанови издавачот „Табернакул“.
Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата, во состав Ферид Мухиќ, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Цветан Враживирски и лауреатите на првата награда „Табернакул“ од минатата година – Милан Кундера и Љубивоје Ршумовиќ.


