Жена на возраст од 47 години почина во Скопје како последица од топлото време и високите температури. Од Скопската Брза помош информираат дека жената заедно со своја колешка, од климатизирана просторија излегла да повика такси, па додека чекала неочекувано и се слошило, по што починала на лице место, јавува Плусинфо.
Лекарите претпоставуваат дека причина за несреќниот случај е наглата промена на температурата. Неофицијално, таа дотогаш немала никакви здравствени проблеми.
Жената починала на улица во близина на Градскиот парк.


