Скриена камера: Ситуација за инфаркт

Се чини дека скриените камери во последно време можат да предизвикаат сериозни трауми, а не смеа кај луѓето. Една таква скриена камера се случи во Канада.

Снимени се реакции на луѓето предизвикани од лажна бомба, која актери облечени во воена униформа ја транспортираат со обичен лифт. Првиот шок беше кога ја видоа бомбата во лифтот. Она што следеше беше уште пошокантно, кога вратите на лифтот почнаа да се затвораат, а врвот на „боевата глава“ се најде на удар.