Слободан Трендов, актер: Требаше да бидете театар, а не супер маркет

По повод денешниот Светски ден на театарот, актерите и директорот на Драмски театар од Скопје низ улиците делеа ваучери во вредност од два билета.

Младиот актер Слободан Трендов на својот фејсбук профил, по тој повод напиша:

„Вие требаше да има што да понудите, а не да делите ваучери. Требаше да бидете театар, а не штанд во супер маркет. Всушност исто како и што треба да сме држава, а не партија. Ден на театарот таму кај што тој е жив, Уживајте во вашите ваучери, сигурно и ќе си купите нешто“, пишува Трендов.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести