Словенците се срамат од сиромаштија

Словенците се срамат да купуваат во продавница во која цените се двојно пониски од другите, бидејќи за тоа мора да извадат потврда дека спаѓаат меѓу сиромашните.

Тоа го покажува и случајот на првата социјална продавница од тој тип, која пред два месеца е отворена во Марибор.

– Потврди дека месечните примања не надминуваат 450 евра, што е услов дека можат да купуваат во таа продавница, до сега подигнале 2.000 луѓе од поширокиот регион на Марибор, иако такви во тој регион има десет пати повеќе. Причината е срам, тврди шефот на социјалната продавница Сотра, Иво Поропат.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести